Connect with us

Фудбал

Што изјави Зидан по елиминацијата, останува ли во Реал Мадрид?!

За прв пат во својата кариера Зинедин Зидан како тренер е елиминиран од Лигата на шампионите. Претходните три пати секогаш стигнувал до крајот, односно го освојувал пехарот. Поразот на домашен терен од 2:1 од Манчестер Сити се чини дека беше клучен, па со идентичен резултат „Кралевите“ забележаа уште еден пораз овој пат во Манчестер.


По мечот Зидан вели дека не можат да бидат среќни, но сепак додава дека е горд на своите играчи за она што го направиле.
Зидан воедно изјави дека и покрај елиминацијата не планира да замине од клубот.
-Сега е време за одмор, но јас сум тука. Тренер сум на Реал и во клубот сум, изјави Зидан меѓудругото.