Connect with us

Фудбал

Што ќе каже Меси на тоа? Мбапе ги откри фаворитите за Златната топка

Младиот француски напаѓач Килиан Мбапе ја воодушеви фудбалската јавност со своите игри во ПСЖ минатата сезона, но исто така и со игрите на Светското првенство.

Мбапе е еден од најзаслужните играчи што Франција го освои вториот златен медал на Мундијалот во својата историја и беше именуван за најдобар млад играч на овој Мундијал. Лука Модриќ беше награден со Златна топка, но многумина мислат дека таа би бил Мбапе ако беше некоја година постар.

Во изјавата за француските медиуми, Мбапе зборуваше за Златната топка која ќе биде доделена на крајот од оваа година. Многумина веруваат дека Кристијано Роналдо е најголемиот фаворит за освојување на оваа награда и дека најголем конкурент, како и обично ќе биде Лионел Меси. Сепак, Мбапе смета дека Меси воопшто не е во конкуренција.

“Кои се фаворитите за Златната топка? Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Рафаел Варане и јас. Тоа е тоа”, рече Мбапе.