Фудбал
Што ќе се случи со фудбалерите кои имале коронавирус?
Фудбалерите заразени со коронавирус ќе мора да поминат разни тестови пред да се вратат на теренот.
Голем број на фудбалери, особено во Италија и Шпанија, се заразени со коронавирусот, а професорот Антонио Спатаро во интервју за „Il Giornale“ потврди дека играчите ќе мора да поминат многу поригорозни медицински прегледи.
Причината е дека коронавирусот може да ги оштети белите дробови и срцето.
„Оние играчи кои го имаа коронавирусот ќе им треба да поминат дополнителен преглед и ќе треба посебна дозвола да продолжат со своите кариери. Мора да се утврди дека вирусот влијаел на нивната психолошка и физичка состојба. Ова ќе бара ригорозно тестирање“, рече Спатаро, продолжувајќи:
„Проблемот со овој вирус е дека може да влијае на сè, од срцева активност до респираторниот систем. Играчите ќе треба да одат кај специјалист и да ги извршат сите можни тестирања на највисоко ниво“.
Тој исто така истакна дека играчите ќе треба да се подготват за продолжување на сезоната.
„Тие веќе подолго време се на пауза. Ќе треба да се движат лесно, како во претсезоната. Практично, ова е почеток за нив“, истакна д-р Спатаро.