Connect with us

Фудбал

Што ќе се случи со Златната топка оваа година?

Поради пандемијата на коронавирус, фудбалските натпревари не се играат во скоро цела Европа веќе неколку недели.

Сè уште не е познато кога сезоната ќе продолжи, а оние најоптимисти се надеваат дека тоа ќе се случи во мај. Но, веќе е јасно дека оваа сезона ќе трае многу подолго од очекуваното, и дека ова веројатно ќе го наруши распоредот за следната сезона.

Пандемијата на коронавирусот направи голем неред и за Франс Фудбал, која ќе го избере најдобриот играч на светот на крајот на годината. Но, со оглед дека не е познато кога фудбалот ќе продолжи, не е јасно како ќе се избере победникот на Златната топка.

ФИФА, која го доделува наградата „The Best“ во септември, е во истиот проблем, но сега на никој не му е јасно како ќе функционира сето тоа.

Единствената работа што не е во прашање сега е наградата „Златна копачка“ за најдобар голман. Прв во моментов е Чиро Имобиле и ако сезоната е целосно прекината тој ќе ја добие оваа награда.

Франс Фудбал соопшти дека ќе чекаат малку подолго, но дека ќе треба да направат некои измени во наградата „Златна топка“. Останува да се види на кој начин ќе биде направено сето тоа.