Connect with us

Фудбал

Што му правеа на Лукаку навивачите на Интер, не е хумано! (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку за прв пат се врати на „Џузепе Меаца“ откако му заврши позајмицата во Интер,  а потоа на неверојатен начин одлучи да не се врати во Милано, иако Интер силно го посакуваше и преговараше со Челзи да го откупи. Сепак, тој во меѓувреме преговарал со Јувентус, Интер се налути, се откажа од него, а потоа тој заврши во Рома.

Синоќа со неговиот тим гостуваше во Милано, а илјадници фанови на Интер имаа свирчиња и свиреа при секој допир на Лукаку со топката. На крајот Белгиецот како да го немаше на мечот, неколку пати се состави со топката, без ниту еден удар кон противничкот гол. Интер на крајот победи со 1:0 со голот на Турам во 81 та минута, фудбалер кој беше донесен токму поради пропаѓањето на трансферот на Лукаку.