Connect with us

Фудбал

Што направи Манчестер Сити од овој човек: Погледнете ја неверојатната мускулна трансформација на Халанд (ФОТО)

Фантастичните настапи на Ерлинг Халанд на теренот се потпомогнати од неговата одлична физичка форма, која дополнително ја подобри откако пристигна во Манчестер Сити.

Во својата дебитантска сезона во Манчестер Сити, брилијантниот норвешки напаѓач освои се. Ја освои тројната круна, го собори рекордот по број на голови во една сезона во англиската Премиер лига, а го освои и трофејот за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Помина точно една година откако Халанд пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд. Веднаш почнаа дискусии дали Халанд може да ги повтори одличните настапи во најсилната лига на светот, но веднаш на сите им „затвори уста“ и го подигна фудбалот на уште повисоко ниво. Неверојатните бројки се должат на промената на неговиот стил на игра, но и на неговиот изглед, бидејќи тој доби голема мускулна маса и направи физичка трансформација која изгледа лудо по само една година.