Фудбал
Што се случува: „Гризман не е среќен, игра на позиција каде никогаш не играл“
Антоан Гризман не се прослави на последниот натпревар на Барселона.
Барса ремизираше со Севилја, а Гризман беше прогласен за еден од главните виновници за тоа.
Куман изјави дека францускиот напаѓач мораше да постигне барем еден гол.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп изјави дека Гризман е незадоволен од Барса.
„Знам дека тој не е задоволен во Барса. Не сакам да се мешам, но тој игра на позиција на која никогаш не играл. Тој е корисен на средината на теренот, а не на крилото. Тој мора да ја има топката во нозете и да игра паметно“, рече Дешамп.
Оваа изјава на Куман сигурно нема да му се допадне.