Други спортови
Што се случува? По Надал, Алкарас, Шаповалов, се откажа уште еден познат тенисер
Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се повлече од Мастерсот во Монте Карло. Оваа недела тој го повреди стапалото во Есторил.
– Јас сум уништен. Сите знаете колку го сакам Монте Карло. Сакам јавно да им се заблагодарам на организаторите за вајлд-картата. Се надевам дека наскоро повторно ќе се вратам на теренот, напиша Фоњини на социјалните мрежи.
Фоњини, како и Гаел Монфис претходно доби вајлд-картата. Организаторите се уште не соопштуваат кој друг ќе добие специјални покани. Досега настапот во Монте Карло го откажаа уште и: Рафаел Надал, Карлос Алкарас, Феликс Оже-Алиасим, Пабло Карено-Буста и Денис Шаповалов.
Турнирот ќе се одржи од 9 до 16 април.