Фудбал
Што се случува со Интер, тоне (ВИДЕО)
Интер го доживеа третиот пораз во низа во Серие А, па полека „тоне“ на табелата. Избраниците на Симоне Инзаги одиграа уште еден подпросечен натпревар, па на домашен терен загубија од Фиорентина со 0:1. Единствениот гол беше дело на Бонавентура во 53-тата минута.
Интер имаше свои шанси на овој меч пред се преку Лукаку и Михитаријан, кои од добри позиции не успеаја да го најдат патот до мрежата на Фиорентина, а од друга страна нивниот голман Онана имаше неколку добри интервенции.