Фудбал
Што се случува со славниот клуб, некогаш газеа дома, но и во Европа, а сега ги молат навивачите за прошка, ниту една победа во новата сезона (ВИДЕО)
Фудбалските првенства се во полн ек, но дел од фудбалерите се чини се уште се на „годишен одмор“. Така, во „петте лиги“ (Англија, Франција, Италија, Шпанија и Германија) има повеќе клубови кои немаат постигнато ниту една победа, но тешко дека би погодиле кој е најлош меѓу нив!
Статистиката вели дека од 96-те екипи кои се натпреваруваат во светските врвни лиги, само еден не водел во ниту еден момент од сезоната – а тоа е Лион. Славниот француски клуб, кој доминираше на почетокот на векот освојувајќи седум титули во Франција, ова лето состави многу силен тим, но ништо во него не функционира така што нивните навивачи полека го губат трпението и веќе видовме како тие беа „построени“ по поразот од Пари Сен Жермен.
Players of Lyon were given a serious talking to by fans after their 4-1 home loss vs PSG
“There were people who wore the Lyon shirt before you who gave everything for it. Don’t defile/smear it.”
Not the debut 🇬🇭 Ernest Nuamah would have wanted 😪
— Bortey 🇬🇭 (@joelbortey) September 3, 2023
Лион го зазема последното место во францускиот шампионат со два освоени бода од седум натпревари, со страшна гол-разлика 3:13. Малку подобар од нив е Клермон, кој исто така има два бода, но постигна пет гола и барем во еден момент водеше сезонава, за разлика од очајниот Лион. Во меѓувреме, на нивната клупа седна познатиот италијански фудбалер Фабио Гросо, но и кај него преку ноќ работите не се сменија, па Рамс во неделата победи со 2:0. Бурнмаут, Барнли и Шефилд Јунајтед се без победа во Премиер лигата, во Германија се Бохум, Келн и Мајнц, во Италија Удинезе, Салертнитана и Каљари, додека во Шпанија без победа е само Алмерија. Ќе видиме кој ќе биде првиот што ќе биде „избришан“ од оваа неславна листа на која не сака да заврши.