Други спортови
Штом ја победив депресијата, тогаш можам да победам се
Во центарот на вниманието кај љубителите на боксот е претстојната борба меѓу Американецот Дионте Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури, која ќе се одржи на втори декември во Лос Анџелес.

Ова ќе биде борба на кариерата за Фјури, кој претходно се откажа од реваншот со Украинецот Владимир Кличко, а пота падна на допинг тест. Боксерската федерација на Британија му ја одзема боксерската лиценцата како и сите титули.
-Цел живот напорно работев за да освојувам титули, кога конечно ја освоив почувствував голема дупка на празнина. Се чувствував како да сум единствениот човек на светот и безвредно имав слава, пари и добар изглед. Можев да ја подигнам раката и веднаш да добијам се што ќе посакам. Но, додека имав се, немав ништо. Чувствував дека се што работам во живото е ѓубре, го опиша Фјури своето паѓање во депресија.
Тој користеше кокаин, а според неговите проценки пиел од 80 до 100 кригли пиво неделно. Се здебелил и имал 172 килограми. Паднал на допинг тест, останал без титулите, а сето ова било проследено со бизарни изјави за Евреите, хомосексуалците , педофилите…
-Бев надвор од контрола, ја мразев таа личност каква што станав, изјави Фјури.
Меѓутоа се спаси од сето тоа, најде нов тренер, почна да тренира , престана да користи дрога и алкохол. Се врати во теретана, трчаше, уживаше со семејството и ослабе 65 килограми за една година. Сега го очекува најгоемиот предизвик во животот, непоразениот противник од Алабама.
-Вајлдер има само еден стил – навалува и те нокаутира. Ако не го направи тоа ќе загуби. Само еднаша во својата кариера беше на дистанца. Тоа значи дека е неискусен на шампионско ниво. Не верувам дека постои издржливост за тоа, ментална сила. Неговиот стил ми одговара. Што повеќе притиска, толку побрзо ќе заврши. Што повеќе сака да ги возбуди навивачите, толку побрзо ќе загуби. Тој веќе чувствува притисок. Јас живеам во неговата глава и не плаќам кирија, вели Фјури и доадава:
-Не морам ништо да работам. Само да бидам свои. Тој не може да ме сфати. Јас сум човек со многу лица. Тој има само едно, само еден пат. Тоа се што знае. Нема способност да припреми нокаут , не е школуван . Сите знаеме што ќе биде ако не ме нокаутира. Сите негови претходни противници се плашеа од него, бараа место за одмор, но не и јас. Ако можев да ја победам депресијата, можам да победам се, заклучи “Кралот на циганите“.