Connect with us

Други спортови

Шумахер е борец и никогаш нема да се предаде

За здравствената состојба на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Гермаецот Михаел Шумахер многу малку се знае или поточно многу малку информации има за него во медиумите по несреќата на скијање во Франција.

Но, сега неговата сопруга Корина, во писмо до германскиот музичар Саша Хершембах, упати зрак надеж за армијата фанови кои  чекаат некаква порака дека опораувањето на Шуми оди во позитивна насока.

Михаел Шумахер, пет години е во целосна изолација по несреќата што ја доживеа на скијање во француските Алпи во декември 2013 година, во која се здоби со тешки повреди на мозокот и шест месеци беше во кома.

Англискиот таблоид „САН“, објави дел од писмото што му го испратила Корина на германскиот музичар во знак на благодарност  за неговата песна „ Born to Fight “.

  • Искрено сакам да се заблагодарам на Вашата порака и на убавиот подарок што ќе ни помогне во овие тешки моменти. Убаво е и голема поддршка е за нашето семејство што примаме толку убави желби. Сите знаеме дека Михаел е борец и дека никогаш нема да се предаде – пишува во писмото од Корина Шумахер испратено во знак на благодарност до Саша Хершенбах, откако германскиот музичар им ја пратил снимката од неговата нова песна.

Содржината на писмото Хершенбах ја открил на германскиот магазин „Бунте“ и рекол дека не очекувал одговор и писмо кое е рачно напишано и потпишано од сопругата на Михаел Шумахер.