Connect with us

Други спортови

„Шумахер играше валкано, додека Хамилтон победуваше на фер начин“

Од кога пристигна Луис Хамилтон и го надмина Михаел Шумахер според бројот на победи, светот во Формула 1 постојано правеше споредби меѓу Британецот и Германецот.

Споредбата ја направи и Мартин Витмарш, кој влезе во Формула 1 во 1989 година и беше извршен директор на Мекларен долго време.

„Никогаш не го разбрав навистина Шумахер како што треба. Тој секогаш беше непријател, играше валкано и се обидуваше да го измами мојот возач, така што не сум објективен кон Мајкл“, рече Витмарш.

„Луис е немилосрден, но тој сака да победи на вистински искрен и чесен начин. Мислам дека на Шумахер не му беше грижа за тоа. Мора да им се восхитувате на луѓето кои одржуваат одреден степен на невиност и чесност, како Луис и Мајк Хакинен, кои никогаш не направија валкан потег“, рече тој.

Витмарш соработуваше со многу одлични возачи како Џенсон Батон, Фернандо Алонсо, Хуан Пабло Монтоја и Кими Раиконен, но ги издвои Аиртон Сена и Хамилтон како најдобри.

„Двајцата кои имаа неверојатна аура се Сена и Луис. Кога го запознав Аиртон, веќе ја почувствував таа аура. Кога го запознав Луис, не. Тој порасна со сè што направи и постигна. Имав среќа што внимателно го следев тоа патување“, рече Витмарш.