Connect with us

Други спортови

Шумахер му покажа заби на Фетел (Видео)

Силно одекна веста пред неколку дена откако Мик Шумахер потпиша јуниорски договор со најтрофејниот тим во Формула 1, екипата на Ферари. Младиот 19 – годишен Германец, инаку син на легендарниот пилот Михаел Шумахер, минатата сезона ја освои европската шампионска титула во Формула 3, и така си осигура суперлиценца за влез во елитното автомобилистичко натпреварување. Но, сепак, тој одлучи да оди постепено, па затоа оваа сезона ќе брка нова титула во Формула 2.

Тимот од Маринело во целост ќе го поддржи Мик во неговата пробна сезона кон елитата, а менаџер ќе му биде Николас Тод, синот на претседателот на ФИА, Жан Тод, кој е близок пријател со седумкратниот шампион Михаел Шумахер.

Мик важи за еден од најголемите таленти кога во прашање е автомобилизмот, а тоа најдобро го илустрираше изминатиот викенд кога на спектаклот „Трка на шампионите“, со идентичен болид  го исфрли од натпреварувањето Германецот Себастијан Фетел, додека во Купот на нациите со повозрасниот сонародник се пласираше во финалето.

  • Мислам дека неговиот татко има причина да биде горд, доби пофални зборови Мик од Фетел по трката.

Имено, младиот Шуми има се што е потребно за успех, сега ќе мора само да се докаже против останатите најдобри возачи на патеката.