Други спортови
Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет и не користи цевчиња за дишење
Целокупната јавност секојдневно очекува било какви вести околу здравствената ситуација во која се наоѓа легендарниот Формула 1 возач, Германецот Михаел Шумахер, кој речиси пет гофини се наоѓа во кома.

Имано, на 29 декември се навршуваат пет години од шокантната несреќа на Шумахер, една од најголемите спортски фигури на сите времиња. Неговиот живот се промени кога во 2013 година тој доживеа страшна скијачка повреда на француските Алпи која го остави неподвижен, а неговото семејство реши да ги сокрие неговите маки од окото на јавноста.
Неговата жена Корина инсистираше на тајност на која до ден денес се придржуваат сите роднини и познаници на германскиот возач. Исто така и неговите пријатели не зборуваат за неговата состојба.
Михаел Шумахер е сместен во семејната вила во градот Гланд, кој се наоѓа помеѓу Женева и Лозана. Никој од 13.000 жители во градот не знае како е легендарниот Шуми, никој не ја знае ситуацијата во вилата и никој не се осмелува да пристапи кон семејството. Единствено што се знае е дека Шумахер се наоѓа таму, во Швајцарија, а не како што тврдеа медиумите – во САД или Мајорка.
Најновите информации откриваат дека Михаел Шумахер не е врзан за креветот и не преживува со помош на машини или пак со цевчиња за дишење, пишува британскиот „Дејли меил“.
Наместо тоа, Шуми прима специјална нега која го чини неговото семејство повеќе од 50.000 фунти неделно. Поради потребите на големиот шампион, семејството реши да го претвори нивниот дом во мала болница.
Инаку, неговата менаџерка Сабина Кем им објасни на медиумите дека и самиот Шумахер не сакал да се чепка во неговата приватност, поради што се придржува во голема тајност.
- Информациите од неговиот приватен живот никогаш не беа споделувани во јавноста. Тој едноставно сакаше да има своја приватност. Еднаш ми кажа: „Немој да ме барате некој период, ќе ме снема“. Мислам дека тоа му беше голема желба за која сакаше да му се исполни еден ден во иднина, изјави Кем.
И понатаму не е позната сериозноста на неговата состојба, сепак постојат неколку информации кои кажуваат дека тој повеќе не е во животна опасност, иако ниту оддалеку не може да се каже дека е целосно здрав. Претседателот на ФИА, Жан Тод, е еден од ретките посетители на имотот на Шумахер и тој вели дека бил охрабрен од состојбата на Германецот.
- Тој ми е како син, имам негови слики насекаде низ канцеларијата, вели Тод, притоа споменувајќи дека тој и Шумахер заедно го гледале последното Гран При на Бразил.
Помеѓу посетителите кои успеале да влезат во неговиот дом е и доктор Георг Ганшвајн, еден од најважните ликови во хиерархијата на Ватикан и секретар на поранешниот папа Бенедикт. Тој вели дека во моментот кога се поздравил со Шумахер, почувствувал топлина во неговите раце и тоа му дало надеж дека возачот ќе успее да ја надмине тешката ситуација.
Во текот на кариерата, Шумахер освои седум титули во Формула 1, притоа забележувајќи 91 победа, 13 триумфи во една сезона и осум највисоки подиуми на трката за ГН на Франција, што воедно се и рекорди во најбрзиот циркус на денешницата.
Откако се случи несреќата, многу работи се сменија во Формула 1. Луис Хамилтон доминира во ова натпреварување и сериозно му се доближува на Шумахер, додека неговиот сонародник Себастијан Фетел потпиша за тимот на Феррари, но не успеа да освои титула во досегашниот тек од неговата кариера во италијанскиот тим.
Она што најмногу би го израдувало Шуми е успехот на неговиот син Мик, кој изминатата сезона го освои Формула 3 натпреварувањето, за потоа да потпише договор со тимот на Према од Формула 2, што го доведе на еден чекор до Формула 1 трките. Мик беше покрај неговиот татко кога се случи несреќата која го остави германскиот шампион со оштетување на мозокот.