Connect with us

Други спортови

Шумахер не го жали Хамилтон

Последната трка во Формула 1 ја одбележа инцидентот во кој Макс Верстапен го погоди Луис Хамилтон, по што и двајцата порано ја завршија трката.

По трката, Хамилтон се пожали дека има болки во вратот и дека ќе мора да оди кај специјалист, но Ралф Шумахер не падна на жалбите на возачот на Мерцедес.

“Луис беше премногу драматизиран со оглед на тоа што следниот ден леташе за Њујорк. Тоа дава многу за Формула 1”, изјави Шумахер за германската телевизија Спорт 1.

Шумахер, кој исто така возеше многу години во Формула 1, тврди дека судирот помеѓу Хамилтон и Верстапен бил тркачки инцидент.

“Тоа беше тркачки инцидент. Фала му на Бога што не заврши фатално, никој тоа не го направи намерно”, додаде Германецот.

“Хамилтон е неверојатен, но тој е само човек и тие суперлативи исто така ја менуваат личноста. Многу малку внимание се посветува на неговите грешки”, истакна тој.

За потсетување, Верстапен беше казнет со одземање на три позиции во стартниот состав за ГН на Русија, што се одржува викендов.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама