Други спортови
Шумахер во 2010-та напишал тестамент, како да предвидел дека ќе се случи нешто!
Никој со сигурност не знае во каква состојба е славниот возач на Ферари, Михаел Шумахер. Докторите и неговото семејство ги кријат информациите.
Но, во 2010-та Германецот напишал тестамент во кој навел дека неговото богатство останува на сопругата и децата. Тоа го направил поради „опасноста во секојдневниот живот“, но не поради страв во трките во Ф1.
Токму „секојдневниот живот“ ќе му донесе несреќа поради која е во кома или беше во кома, бидејќи во моментов неговата состојба не е позната.
-Го направив тоа, бидејќи сум семеен човек. Не го направив тоа поради Ф1, туку поради тоа што се и сешто може да се случи во секојдневниот живот, навел Шумахер, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари.