Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Други спортови

Шумахер во Формула 1!

Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион Михаел Шумахер, ќе ја вози Формула 1 од следната сезона.

После феноменалните настапи во Ф2 шампионатот каде што води, Мик се согласи да работи со тимот на Хас и ќе го вози овој болид во следната сезона во Формула 1.

“Многу сум задоволен да потврдам дека Мик Шумахер ќе биде еден од нашите возачи следната сезона. Со нетрпение очекувам да го имам во тимот”, изјави директорот на Хас,Гинтер Штајнер.

Мик секако е пресреќен што ќе вози во Формула 1.

“Јас сум без зборови. Ви благодарам Хас и Ферари што веруваа во мене. Исто така, благодарам на моите родители, им должам сè. Отсекогаш верував дека мојот сон ќе се оствари. Голема благодарност до сите што ме поддржуваа во текот на целата моја кариера. Ќе дадам се од себе за тимот на Хас Ф1 “, рече Мик.

loading...

Facebook