Connect with us

Фудбал

Шведска ја елиминираше САД и нашиот Влатко Андоновски од СП (ВИДЕО)

Репрезентациите на Шведска и на Холандија се пласираа во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство за фудбалерки што се одржува во Нов Зеланд и Австралија.

Ова е епилогот по денешните два осминафинални натпревара.

Најпрво во Сиднеј, Холандија ја совлада репрезентацијата на Јужна Африка со 2:0, а потоа Шведска на пенали ја елиминира селекцијата на САД која беше бранител на трофејот, а на чија клупа седи нашиот селектор Влатко Андоновски.

Во четвртфиналето противник на Швеѓанките ќе биде Јапонија, додека Холанѓанките ќе се соочат со репрезентативките на Шпанија.