Фудбал
„Шверцери“ го „запалија“ Чаир, се слави титулата (ВИДЕО)
Шкупи одигра 0:0 на гостувањето кај Шкендија, а со оглед на тоа дека на „Шверцери“не им беше дозволено да присуствуваат на овој меч, тие одлучија да направат фешта на својот стадион во Чаир. Со пиротехнички средства и шампионска песна ги пречекаа фудбалерите од Тетово и ја славеа титулата обезбедена уште во минатото коло.