Connect with us

Фудбал

Си потпишаа сопствена “пресуда”: Јувентус исфрлен од Европа

Финансиските малверзации му однесоа на Јувентус дури 10 бода минатата сезона, а клубот заврши на седмото место во Серија А. Да не беа тие казни, нема сомнеж дека Јувентус ќе се пласираше во Лигата на шампионите, додека сега тие сепак ќе мора да игра во плејофот на Конференциската лига.

Во последните неколку недели, УЕФА размислуваше да го казни клубот од Торино за кршење на финансискиот фер-плеј, а самиот Јувентус предложи тоа да биде исфрлување од Конференциската лига, натпреварување во кое нема да се натпреварува оваа сезона. „Кориере дело спорт“ пренесува дека УЕФА го прифатила тој предлог. Тоа значи дека и официјално Јувентус нема да се натпреварува во Конференциската лига на УЕФА.

Наводно, челниците на Јувентус некако се договориле со УЕФА за да избегнат понатамошни и построги казни, како исфрлање од Лигата на шампионите следната сезона.