Фудбал
Силекс против Карабах, ако победи ќе игра со тим од Молдавија или Луксембург!
Кратовчани ги дознаа своите можни ривали, доколку на првиот натпревар од Квалификациите за Лига на шампиои издвојуваат победа.
Силекс ако успее да направи изненадување и да го помине фаворизираниот азербејџански Карабах на гости во првото коло ќе се судри со победникот од мечот помешу молдавски Шериф Тираспол и луксембуршка Фола Еш во втората рунда од квалификациите.
Дуелите од следната квалификациска рунда во ЛШ ќе се играат на 25/26 август.
Кратовчани ќе бидат единствениот претставник на Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите. Тие добија можност поради казната која ја доби Вардар и остана без евро-лиценца.
За Силекс ова е можност да играат во квалификацискиот циклус по 22 години пауза. Последниот пат играше во далечната 1998 година кога заработи елиминација од Клуб Бриж.
По 22 години Силекс ќе игра квалификации за Лига на шампионите откако Вардар беше казнет