Фудбал
Силекс со победа над Академија Пандев
Во првиот натпревар од 18 коло во Првата Македонска фудбалска лига Силекс издвои победа над Академија Пандев од 3:1 на домашен терен.
Екипата на Силекс покажа далеку подобра игра од екипата на Академија Пандев, а тоа беше крунисано со победа од 3:1 и нови три бода за клубот од Кратово.
Во првото полувреме играта беше речиси изедначена, немаше некои сериозни закани по головите на двете екипи. Првата сериозна шанса која се претвори во гол дојде во 41. минута од натпреварот благодарение на Серафимовски Виктор.
Во 61. минута од натпреварот Дарко Додев го зголеми водството на домаќинот на 2:0.
После само две минути, односно во 63. минута од натпреварот Даниел Миловановиќ постигнува гол за гостите и го намалува водството на Силекс на 2:1.
Во 96. минута од натпреварот Срџан Драшковиќ го зголемува водството на својата екипа на 3:1, ставајќи точка на натпреварот.
На табелата Силекс се изедначи со Академија Пандев и двете екипи имаат по 27 бода.