Фудбал
Силва: Би било убаво Манчестер сити да го купи Мбапе
Манчестер, 28 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Бернардо Силва откри кого би сакал да го види во тимот на „граѓаните“.
- Килијан Мбапе. Веќе во Монако тој беше извонреден кога играв таму. Тој е и мој пријател. Ако можеме да го добиеме Мбапе, би било убаво! – рече Силва во интервју за „L’Equipe“.
Португалецот и Французинот играа заедно за АС Монако од 2015 до 2017 година. зс/