Connect with us

Фудбал

Силва: Повторно, наградата ќе ја освои некој од Ливерпул

Членот на Манчестер Сити, Бернардо Силва изјави дека е незадоволен од состојбата со медиумите во Велика Британија.

Тој смета дека Ливерпул е меѓу привилегираните.

“Многу фудбалери заслужуваат многу повеќе отколку што добиваат. Ќе го наведам Фернардињо од мојот тим. Или, на пример, Стерлинг, тој беше неверојатен минатата сезона”, вели Силва.

„Некои клубови имаат поголема моќ и тоа е тоа. Се надевам дека луѓето не го толкуваат лошо.“

Тој даде еден пример.

“Ние го освоивме шампионатот пред три сезони. Имавме 30 поени повеќе. Де Брујн играше феноменално, а Салах постигна многу голови и беше прогласен за најдобар фудбалер во оваа сезона. Кевин Де Брујн игра одлично и оваа сезона, но ние сме втори и некој од Ливерпул ќе ја добие наградата “.