Connect with us

Фудбал

Силва позитивен на КОВИД-19

Сан Себастијан, 31 август 2020 (МИА) – Реал Сосиедад објави порака на својата веб-страница дека новиот играч во тимот – Давид Силва, позитивно е тестиран за коронавирус. Играчот од средниот ред го положи тестот утрото на клиниката „Гипускоа“.

Силва патуваше вчера со редовен лет од Билбао и вечерта пристигна во Сан Себастијан. Утрото направил тест, кој излезе со позитивен резултат.

За време на неговите први часови како фудбалер на Сосиедад, по неговото претставување во вторникот, играчот немал можност да се сретне со своите нови колеги.

Играчот е веќе изолиран.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com