Connect with us

Фудбал

Симеоне: Ни недостигаше свежина

Тренерот на Атлетик Мадрид, Диего Симеоне, ја оправда недостигот на свежина кај играчите со поразот од 0:2 на гостувањето на Атлетик кај Билбао.

„Почетокот на натпреварот беше тежок за нас. Бевме напнати во првите 10-15 минути, но потоа почнавме да ја надополнуваме нашата игра.

Создадовме две ситуации на крајот, сакавме да продолжиме во вториот дел, но примивме втор гол од пенал, кој не извади од теренот.

Тренинзите во текот на неделата поминаа добро, но во некои епизоди ни недостасуваше свежина и упорност. Мора да поминеме низ оваа тешка ситуација. Денеска едноставно не можевме да победиме, без разлика на вложените напори“, прокоментира Симеоне.