Фудбал
Симеоне по секоја цена го сака играч од средниот ред на Јувентус
Федерико Бернардески најверојатно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
„Бјанконерите“ платија на Фиорентина 40 милиони евра за Бернардески во летото 2017 година, но овој фудбалер се покажа како просечен во Јувентус и сигурно ќе го напушти клубот.
Тренерот Маурицио Сари не е во можност да му најде соодветна позиција и затоа офанзивниот играч е „осуден“ да седи на клупата во иднина, сепак, за неговите услуги има интерес, особено од водечките клубови од Шпанија.
Откако челниците на Барселона изразија желба да го донесат, сега како што тврди и „АС“, Бернардески исто така го сака и Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, сметајќи дека ќе се вклопи во „воениот“ менталитет на одбрамбениот начин на фудбал што го преферира.
Истиот весник наведува дека Јувентус е подготвен да го продаде Бернардески за иста или дури и малку помала сума од онаа за која е дадена на Фиорентина.
Во тековната сезона Бернардески запиша нешто помалку од 800 минути во Серија А.