Фудбал
Симеоне се соочува со кошмар, губи уште една ѕвезда по Жоао Феликс!
Атлетико Мадрид на 18 февруари ќе го игра првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи против европските шампиони. Жоао Феликс најверојатно нема да биде на располагање на тренерот Диего Симеоне, но тоа не е сè.

Денес Симеоне доби уште една лоша вест. Како што јавуваат шпанските медиуми, се очекува и Киран Трипијер да ја пропушти прва средба против Ливерпул. Англичанецот не играше од финалето на Суперкупот против Реал и шансите за закрепнување пред натпреварот против „црвените“ се многу мали.