Connect with us

Фудбал

Симеоне: Веднаш ја одбив понудата од Саудиска Арабија

Диего Симеоне го достигна статусот на еден од најценетите тренери во светот во последните десет години, кога беше главен тренер на Атлетико Мадрид. Секако, со тој статус стигнаа и понуди од други клубови, но Симеоне категорично ги одби сите досега. Истото го направи кога неодамна пристигна понуда од Саудиска Арабија.

“Дали се двоумев поради понудата од Саудиска Арабија? Не, вистината е дека сум многу среќен каде што сум сега. Многу сум среќен што сум во Атлетико. Не би ја прифатил понудата дури и да ја зголемат. Среќен сум во Атлетико“, кратко е, но многу децидно изјави тренерот на Атлетико во интервју за Марка.

Минатата сезона Симеоне го предводеше Атлетико Мадрид до третото место во Ла Лига. Иако сезоната во лигата беше добра за клубот, генерално не може да се смета за успешна бидејќи Атлетико не освои ниту еден трофеј. Бидејќи последниот трофеј на Атлетико беше освоен во 2021 година (Ла Лига), Симеоне има за цел да додаде нешто на витрините на клубот во сезоната што следи.