Connect with us

Фудбал

Симеоне вицкаст: Победивме уште во автобусот

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне по триумфот против Ливерпул, изјави дека мечот бил решен уште пред да започне.

-Ние победивме уште во автобусот, додека одевме на мечот. Видов дека играчите веруваат во триумф. На стадионот беа едно со публиката. Осум години сум во клубот и никогаш претходно не сум ги видел нашите навивачи да навиваат вака во текот на сите 90 минути. Навистина беше емоционално, изјави Симеоне.

Атлетико Мадрид победи со голот на Саул постигнат уште во 4-тата минута.