Други спортови
Симона Халеп објави дека има коронавирус, нема да игра повеќе годинава
Втората светска тенисерка Симона Халеп има коронавирус и повеќе не планира да игра годинава.
Халеп на Твитер објави дека е позитивна и дека се опоравува од дома, но изјави дека нема да игра повеќе оваа година.
Од здравствени причини, таа го пропушти УС Опен, а потоа се натпреваруваше на Ролан Гарос каде загуби во 4. коло од Ига Свиатек.
Романката со македонско-влашко потекло, некогаш беше прва во светот и го освои Ролан Гарос во 2018 година.
Таа е само една во низата тенисери кои се борат со вирусот.