Connect with us

Фудбал

Синиша Михајловиќ има коронавирус

Болоња, 23 август 2020 (МИА) – На последниот тест, српскиот тренер Синиша Михајловиќ се тестираше позитивно за коронавирусот, објави неговиот клуб Болоња во неделата.

Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот. Тестот на српскиот селектор беше позитивен, а тој во моментов нема симптоми и ќе биде во изолација наредните две недели, што го наметнува правилото во Италија.

Михајловиќ спаѓа во групата на ризични затоа што со месеци се бори против леукемијата, која му е дијагностицирана пред една година.

И покрај тоа, Синиша продолжи да ја извршува функцијата на тренер на Болоња, која го поддржуваше во тешка ситуација, а клубот играше многу добро и беше безбеден на средина на табелата.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com