Фудбал
Синоќа беше јасно дека ВАР не функционираше во Барселона: Судијата го поништи првиот пенал, а потоа ја оштети домашната екипа
Фудбалерите на Барселона синоќа го одиграа дербито против Атлетико Мадрид, кое заврши со резултат 2:2.
На Барса и беше потребна победа во овој дуел за да остане во чекор со Реал Мадрид и шансите да ја одбрани титулата. Но, каталонскиот клуб повторно се сопна и не успеа да го совлада Атлетико.
Натпреварот на „Камп Ноу“ го одбележаа судиските одлуки. Главниот судија Хрнандез во вториот дел досуди дискутабилни пенали и за двата тима, а со своите одлуки не се прослави ниту во првото полувреме.
Хернандез беше во центарот на вниманието во 17. минута кога досуди пенал за гостите. Првиот пенал на Диего Коста го одбрани Тер Штеген, но пеналот беше изведен одново, бидејќи голманот на Барса ја напушти линијата порано.
Вториот пенал го изведе Саул и тој погоди за 1: 1, но се чини дека и овој пенал требаше да биде изведен по втор пат. Имено, еден од играчите на Атлетико истрча во шеснаесетникот пред да биде изведен пеналот, но просторијата на ВАР не сигнализираше дека казната мора да се повтори и овој пат.
Ова предизвика голем гнев кај навивачите на каталонскиот клуб, а фотографија од овој контроверзен момент кружи на социјалните мрежи.
