Connect with us

Кошарка

Синоќа постигна 50 поени, но никој не зборува за него

Бредли Бил имаше вечер за паметење, бидејќи постигна 50 поени против Индијана Пејсерс, но никој не зборува за тоа.

„Бил“ се истакна со 50 поени во триумфот од 133-132 по продолженијата, но бекот на Вашингтон Визардс беше целосно засенет од неговиот соиграч, плејмејкерот Расел Вестбрук.

Вестбрук постигна 33 поени, имаше 19 скока и 15 асистенции и стигна до 181-от трипл-дабл во кариерата. Притоа, тој го изедначи рекордот на големиот Оскар Робертсон.

Вестбрук стана и првиот играч во историјата на НБА со најмалку 15 скока и асистенции на два последователни натпревари. Со многу повеќе игри што го чекаат, Вестбрук ќе стане „бесмртен“.

Патем, зад него и Робертсон, трет на листата со најмногу трипл-дабл е Меџик Џонсон (138), а четврти е Цејсон Кид со 107. Петтото место и припаѓа на актуелната НБА sвезда Леброн Џејмс, кому му недостасува еден ТД за круг 100.

Од регионалните кошаркари, Никола Јокиќ е на деветтото место со 56, а Лука Дончиќ на 11-то место со 35 трипл-дабл.

Реклама

Facebook