Connect with us

Фудбал

Синот на фудбалската легенда потпиша договор со Реал на 13 години

Марсело одбележа незаборавна ера во Реал Мадрид и е играчот кој го држи рекордот за најмногу освоени титули со „кралскиот клуб“. Синот на Марсело, Енцо, го потпиша својот прв полупрофесионален договор со Реал Мадрид и им вети верност на „кралевите“ откако сите во младинската академија ги препознаа неверојатните квалитети на наследникот на еден од најдобрите леви бекови во историјата.

Енцо има 13 години и многу среќен што го потпишува својот прв договор со најтитуланиот клуб во Шпанија и Европа, а на церемонијата присуствуваше и неговиот славен татко, кој секако е горд што неговото семејство повторно ќе се поврзува со Реал.

„Мојот прв договор со најдобриот клуб во светот. Многу сум среќен. Вистинска гордост“, напиша младиот Енцо на социјалните мрежи.

Тој веќе некое време е дел од младинската академија на Реал, но производ на првиот договор се 15-те гола кои ги постигна сезонава на 7 натпревари за тимот од Инфантил А. За разлика од легендарниот Марсело, кој сега игра за Олимпијакос, неговиот син игра во напад како центарфор.

Со Реал Мадрид, Марсело освои 25 титули, од кои шест титули во Ла Лига и пет трофеи во Лигата на шампионите.

Марсело има две деца. Енцо има 13 години, постар брат на 7-годишниот Лијам. Марка го опиша младото момче како „голем скапоцен камен“ на младиот тим на Реал.