Connect with us

Други спортови

Синот на Михаел Шумахер во дебитантската сезона ќе го носи бројот 47, не е случајно, еве зошто?

Мик Шумахер во својата дебитантска сезона во Формула 1 ќе настапува под бројот 47 и тоа во екипата на Хас. Овој број не е случаен и тоа е неговиот избор и желба. Шумахер Џуниор беше успешен во пониските категории на формула, а мноумина му предвидуваат успешна кариера во најбрзиот циркус.

Тој со бројот 4 освои титула во Формула, додека бројот 7 за него претставува повеќе работи, но онаа најважната се бројот на титули на првак на неговиот татко Михаел Шумахер.

Бројот 47 воедно е збир на деновите и месеците на неговиот роденден и родендените на неговите родители.

Мик Шумахер е на чекор да стане првак во Формула 2 бидејќи во моментов е лидер во ова натпреварување.