Connect with us

Фудбал

Синот на тренерот Диего Симеоне направи хаос во ложата на мечот Атлетико-Реал, ги провоцираше навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во неделата навечер го совладаа Реал Мадрид во градското дерби (3:1), а мечот на стадионот „Ванда Метрополитано“ го одбележа и еден необичен детал – синот на тренерот на „Јорганџиите“ Диего Симеоне предизвика скандал!

Ден по натпреварот, на видео во преден план се гледа како Џанлука го слави триумфот, но и ги провоцира навивачите на Реал! Многумина беа на мислење дека неговиот начин на славење не е соодветен за некој што седи во свечена ложа, но Џанлука тогаш не се грижеше премногу за тоа. Го понесоа емоциите, па стана миленик меѓу навивачите на мадридските црвено-бели.