Други спортови
Синсинати – Алкараз по три сета во третото коло, крај за Рубљов и Аугер-Алиас
Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во второто коло го совлада Австралиецот Џордан Томпсон со 7:5, 4:6, 6:3.
Натпреварот траеше три часа и две минути. Шпанецот во осминафиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Французинот Уго Амбер и Американецот Томи Пол.
Во осминафиналето се пласираа Австралиецот Алексеј Попирин, Финецот Емил Русувури и Французинот Адријан Манарино.
Попирин без борба стигна до осминафиналето, бидејќи мечот му го предаде Чилеанецот Николас Јари.
Русувуори го надигра Русинот Андреј Рубљов со 7:6 (12:10), 5:7, 7:6 (7:3). Натпреварот траеше три часа и 16 минути.
Манарино беше подобар од Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим 6:4, 6:4.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во второто коло на Мастерсот во Синсинати ноќта меѓу среда и четврток против Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокина. Победникот од овој дуел во осминафиналето ќе игра со подобриот од мечот Алекс де Минор (Австралија) – Гаел Монфис (Франција).
Мастерсот во Синсинати се игра за награден фонд од 6,6 милиони долари.