Други спортови
Сиромашна девојка била понижена затоа што на фластерот го нацртала знакот Најк, одмаздата била жестока
Приказната од 2019 година за девојката од Филипините повторно стана вирална.
Тогаш 11-годишната Реа Булос победи во три дисциплини оставајќи ги своите ривалки на 400, 800 и 1500 метри, далеку зад себе.
Популарноста на оваа девојка не е поради нејзините спортски квалитети, туку поради нејзините импровизациски патики. Односно затоа што трчала без нив.
Бидејќи нејзините родители не можеле да купат патики, таа ставила фластер на нозете и на нив нацртала знак од познатиот производител на спортска опрема Најк.
На скромната девојка и требаше малку за да биде среќна, па воопшто не и пречеше што нема патики бидејќи сакаше само да се натпреварува.
Другите натпреварувачи ја понижуваа и ја исмејуваа, но кога излегоа на патеката, Реа ја победи конкуренцијата и на тој начин служеше жестока одмазда.
После тоа, Најк ја покани Реа во една од нивните продавници и ја награди со бесплатен пар патики.
Сликите на малата Филипинка потоа го обиколија светот и многумина изразија желба да и помогнат, а таа остана скромна и со желба да ја претставува својата земја на игрите во Југоисточна Азија.