Connect with us

Други спортови

Сите беа против, но еден детаљ го спаси Ф1 пилотот Грожан од сигурна смрт

Безбедносната шипка од титаниум, т.н „ало“, уред кој претрпе жестоки критики при воведувањето во Формула 1 во 2018-та година, го фалат сите по страотната несреќа во неделата на Французинот Роман Грожан. По ударот на неговиот болид во оградата и откако пламна во оган, тој се спаси и помина само со изгореници, благодарејќи токму на тој изум.

-Пред неколку години не бев за овој уред. Но, сега мислам дека тоа е најдобрата работа воведена во Формула 1. Да го немаше ова денеска не би можел да ви се обратам, изјави Грожан во видео порака испратена од болница.

Со исти изјави излегоа и уште неколкумина пилоти, како што се неговиот тимски колега Магнусен, потоа Расел од Вилијамс и Марк Ферстапен од Ред Бул.