Поврзи се со нас

Фудбал

Сите фудбалери од младата репрезентација кои пред два дена беа позитивни, денеска се негативни!

Пред два дена сите беа позитивни на коронавирус, сега сите се негативни. Чудни работи се случуваат во младинската репрезентација на Македонија, а уште по чудни со тестовите за коронавирус во Македонија.

„Навистина малку интересна ситуација. Сите фудбалери кои пред два дена имаа позитивен тест на Ковид-19 денеска на повторените тестирања се негативни“ – информираат од ФФМ.

Вчера ТВ21, објави дека едно лице за 72 часа добил еден позитивен и два негативни тестови.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите лаборатории се акредитирани и дека тестовите се целосно веродостојни.

Натпреварот меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Црна Гора се игра во вторник (17. ноември) од 13:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

loading...

Facebook