Connect with us

Други спортови

Сите гледаат во градите на Ѓоковиќ, што е тоа? Ја соблече маичката и веднаш се виде – еве за што се работи!

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон го совлада Андреј Рубљов, а во текот на мечот сите забележа еден важен детаљ. Кога на една од паузите српскиот играч го соблече дресот за да се пресоблече, сите повторно погледнаа во магнетот на неговите гради. Станува збор за специјален уред наречен „Taopach“.

Тој не го носеше овој апарат на последниот меч со Хуберт Хуркач…

Што е тоа? Според објаснувањето на официјалната веб-страница на овој производ, станува збор за „сертификуван медицински уред“ што го користат многу спортисти, а кој ги комбинира „најновата технологија, акупунктура и светлосна терапија“.

„Содржи нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во светлина (навистина свети во мракот). Произведената светлина се испраќа до одредени акупунктурни точки во телото, што му помага во процесот  природно да комуницира со остатокот од телото. Резултатот е многу позитивни здравствени придобивки, од подобро, поприродно држење до подобар сон, фокус, спортски резултати, ублажување на болката и многу повеќе“, се вели на страницата.