Connect with us

Фудбал

Сите го критикуваат Пjатек: Можеби тоj е достоен за тоа, ние го преценивме…

За време на емисијата „Sky Calcio Club“, поранешниот голман на Торино и Лацио, Лука Марчегиеја, во негативна смисла зборуваше за напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пиатек и за тешкиот момент што го минува полскиот напаѓач.

„Пиатек? Не може да се каже дека тој не се обидува да се стави на располагање на тимот, но можеби е така, го преценивме минатата сезона”.

Тековната сезона не започна добро ниту за него. На 13 натпревари во Серија А, Пјатек има постигнато само 3 гола. Минатата сезона, на 19 натпревари со Џенова, тој постигна 13 голови. По ремито против Наполи на „Сан Сиро“, Пиоли го критикуваше Пиатек. Полските голови во Милано се очекуваат како дожд кон средината на август, затоа што тоа е единствениот начин како обете страни можат да кренат глави. Време е полскиот напаѓач да се пронајде и да го поправи лошиот имиџ на една сезона што ја започна на најлош начин. Против Наполи, јавноста на „Сан Сиро“ го изрази целото незадоволство против него, со извици и свирежи.

Ова сведочи за критичната состојба во која се наоѓа напаѓачот. Натпреварот против Наполи за Пјатек ва беше 50. натпревар во Серија А. Вкупно има постигнато 25 погодоци во Серија А. Просекот на голови на секој од двата меча не е лош, затоа што се одразува на нивната распределба. На првите 25 натпревари всушност постигна 18 голови, додека на другите 25 натпревари во италијанскиот шампионат постигна само 7 голови.