Connect with us

Фудбал

Сите мислевме дека Меси го одбрал фудбалот пред парите, но бројките кои ги доби во САД не се ништо помалку „безобразни“ од оние од Саудиска Арабија (ФОТО)

Долго време се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата славниот аргентински фудбалер Лионел Меси, а вчера конечно добивме одговор на тоа прашање. Веќе нема дилема, откако Лионел Меси во разговор за Мундо Депортиво потврди дека ќе игра за Интер Мајами.

– Донесов одлука да одам во Мајами. Сè уште не е 100% завршено, недостигаат некои ситници, но решивме да го продолжиме патот таму – изјави Меси.

Меси ќе добие вистинско богатство во Соединетите Американски Држави, а сега на интернет се појавија детали од неговиот договор, кои многумина би ги оставиле без зборови. Некои од ставките во неговиот договор се следните: – Меси ќе добие процент од продажбата на МЛС телевизиските права на уредите на Apple. – Меси ќе добие процент од продажбата на неговите дресови на Интер Мајами, кој Адидас ќе го плати директно. – Меси ќе добие можност да купи акции во клубот по завршувањето на играчката кариера.