SPORTM.mk
Сите очекуваа дека Иниеста денес ќе објави крај на кариерата за неговиот 37-ми роденден, а тој ги шокираше сите
Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста денес се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
Имено, вчера беше објавено дека Иниеста денес ќе одржи прес-конференција и многумина очекуваа легендарниот играч за врска да објави крај на кариерата.
Иниеста денес го прославува својот 37-ми роденден и на крајот на оваа сезона неговиот договор со јапонскиот Висел Коби требаше да истече кога тој реши да ја напушти Барселона пред три години.
Искусниот играч за врска неодамна се опорави од сериозната повреда на коленото и се врати на терените, но откако вчера објави дека свика вонредна прес-конференција, многумина очекуваа дека тоа ќе значи само едно – крај на неговата кариера.
Сепак, Иниеста денес ги изненади сите кога објави дека ќе го продолжи договорот со јапонскиот клуб и дека се уште не сака да се пензионира.
Иниеста денес официјално го продолжи договорот со Висел Коби за уште две години и ние сепак ќе можеме да уживаме во ремек-делата на овој волшебник.
Un gran día! ❤️⚽️?
素晴らしい日 ! ❤️⚽️? #LaHistoriaContinúa#歴史は続く#8HeretoStay#VisselKobe pic.twitter.com/QF8d0rOY8S
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) May 11, 2021
37-годишниот играч за врска пристигна во јапонскиот клуб пред три години од Барселона, каде ја помина скоро целата своја кариера. Иниеста освои се што можеше со Барселона, и реши да игра во далечната Јапонија на крајот од својата кариера.
Исто така, овој одличен играч за врска освои се што можеше во дресот на шпанската репрезентација, а ќе остане запаметен како играчот кој на оваа земја и ја донесе титулата светски шампион.
Имено, познато е дека Иниеста го постигна единствениот гол во финалето против Холандија (1:0) во финалето на Светскиот куп пред 11 години во Јужна Африка, кога Црвената фурија дојде на тронот на светот.