Connect with us

Фудбал

Сите одамна заминаа, но тој остана, фановите на Баерн ова нема да го заборават (ФОТО)

Во саботата Баерн ја освои новата титула во Бундеслигата, десетта во низа, откако ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1. Баерн и оваа сезона доминираше и заслужено ја освои титулата во Германија, а славјето на теренот и на трибините започна веднаш по последниот судиски свиреж. Сите играчи полудеа на теренот во специјални маички, позираа со трофеј, уживаа во звукот од трибините на Алијанц-Арена, а традиционално се полија со пиво.

По завршувањето на забавата сите го напуштија стадионот, но голманот Мануел Нојер остана подолго од останатите, кој заедно со Томас Мулер освоија 10 последователни титули со Баварците.

Нојер излезе пред навивачите да им се заблагодари, а останува да се види дали одличниот германски голман ќе добие нов договор. Тој има 36 години и договор до летото 2023 година, а одлуката на клубот и на него се уште не е позната.

Нојер во Баерн дојде во 2011 година од Шалке, а покрај 10-те титули во Бундеслигата има и две титули во Лигата на шампионите, две светски клупски првенства, додека со Германија еднаш беше светски првак.

 

Реклама

Facebook