Ракомет
Сите покрај малите екрани, во 16 часот на МРТ-3 историскиот меч на Вардар
Како што претходно објавивме, од понеделникот почна со емитување нов канал на МРТ-3 кој ќе биде од спортско-забавен карактер. Со оглед на тоа дека во моментов нема спортски мечеви, на овој канал ќе се емитуваат настани и натпревари кои во изминатите години ја одбележале историјата.
Па така, денеска во 16 часот МРТ-3 ќе го емитува историскиот, епскиот меч на Вардар против ПСЖ во финалето во 2017-та година кога за прв пат стана европски првак.
Програма за сабота, 11.04.2020
08.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале: ВАРДАР-БАРСЕЛОНА
09.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
12.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА
14.00 уметничко лизгање
16.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
18.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м)
20.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ
22.00 филм: ПЕРФЕКТНА БУРА
00.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
02.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м)
04.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ
06.00 уметничко лизгање