Connect with us

Фудбал

Сите се изненадија кога го видоа Мурињо во центарот на Неапол, но кога ја дознаа причината, му аплаудираа (ВИДЕО)

Извесно е дека вечерва во Неапол нè очекува исклучително возбудлив натпревар во кој домашната екипа мора да победи доколку сака да остане во борбата за титулата, додека за Рома секој бод е златен во обидот да стигне до позицијата која води во Лигата на шампионите.

Во последното коло Наполи доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Фиорентина, додека Рома е во серија од три последователни победи.

Натпреварот меѓу Наполи и Рома се игра од 19 часот, а фудбалерите на римскиот клуб вчера пристигнаа на југот на Италија за да бидат максимално одморени и подготвени за вечерашниот натпревар.

Сепак, во центарот на вниманието пред овој натпревар беше тренерот на гостинската екипа Жозе Мурињо, кој со својот потег го воодушеви Неапол. Тој го посети местото каде што се наоѓа легендарниот мурал на Диего Марадона во центарот на градот, и му оддаде почит на Аргентинецот.

Мурињо дојде до центарот на Неапол со телохранители и ги изненади навивачите на домашната екипа кои му аплаудираа и му се заблагодарија бидејќи му оддаде почит на најдобриот играч во историјата на овој клуб, но веројатно и фудбалот.

Тренерот на Рома прво го набљудуваше муралот на Марадона и сите фотографии околу него, а потоа положи цвеќе пред него.