Connect with us

Фудбал

Сите слават, а тој плаче на клупата, емоции до небо, дали великанот конечно ќе стигне до титула?! (ВИДЕО)

Понекогаш една победа значи повеќе од само три бода. Тоа го покажува и емотивната сцена создадена на стадионот, каде во изминатите децении се одиграа бројни одлични натпревари кои го решаваа освојувачот на трофејот. Милан по пресвртот успеа да го победи Лацио на „Олимпико“ во Рим, и да се врати на првото место во Серија А со два бода повеќе од Интер, но и меч повеќе од најголемиот ривал.

Натпреварот заврши со големо славје. Паоло Малдини и Фредерик Масара слегоа од трибините за да им честитаат на тренерот Стефано Пиоли и на играчите.

Иако многу заслуги се за Малдини, Масара е идеолошкиот творец на овој тим и има најголема заслуга зошто Росонерите се враќаат на патеките на старата слава и повторно се конкурентни.

Масара најпрвин размени неколку зборови со јунакот Сандро Тонали, ги прати сите до соблекувалната и остана на клупата.

Успешниот спортски директор на Милан тогаш им се препушти на емоциите. Само се скрши и почна да плаче како мало бебе.

Кога камерите го снимија тој се обиде да стане и да го сокрие изливот на емоции, но веќе било доцна. Ова му е трета сезона во Милан и ова видео е најдобар показател за лојалноста и желбата за успех.